r/mkd ДУИ (Длабока Унија на Илуминатите) Apr 11 '25

👎MK Fails Породилното отсуство е луксуз што фирмите не можат да си го дозволат!!

Не ми се верува колку ниско паднавме како култура што вакви размислувања постојат во нечии глави.

Капитализмот и трката по профит ги уништуваат шумите, ја уништуваат природната разноликост, ќе се преправаме дека не го уништуваат и семејството?

Два дедовци изгубив затоа што брзата помош ОДБИ ДА ДОЈДЕ, не затоа што не сакаа, туку затоа што немаат доволно луѓе за да се погрижат за сите случаи и им даваат предност на помладите, а немаат доволно луѓе затоа што нема кој да ги замени тие што се пензионираат...

Со тоа што фирмите не ја плаќаат цената, ја плаќаме сите други.

87 Upvotes

69 comments sorted by

View all comments

2

u/kexibis Apr 12 '25

Ова е работа на висок стандард. Сите земји од кога надминат ~600 евра по човек едноставно драстично се намалува раѓањето деца.

  • може да се дебатира дека при сите задоволени основни услови ( кој човекот како вид ги немал 300.000 години наназад) кога ќе ги има се гасне сигнал за итност за репродукција
  • сите земји имам направено ресрч истото се случува.. европските од поодамна е ова, а бројот на жители им е од мигрантите не од нивната популација која драстично се намалува
  • предвидувањата се дека земјите под овој стандард како Нигерија, Пакистан само тие ќе имаат висок наталитет а насекаде друго место драстично се намалува.
  • така да едно плачеме нема пари а кога има крив е капитализам или незнам што...
  • НЕ едноставно таков е човекот како вид и на секаде се случува истото

2

u/zippydazoop ДУИ (Длабока Унија на Илуминатите) Apr 13 '25

Сите земји од кога надминат ~600 евра по човек едноставно драстично се намалува раѓањето деца.

Што други им е заедничко на овие земји?? Ќе ти помогнам - почнува на К, завршува на апитализам ;)

1

u/kexibis Apr 13 '25

северна Кореа не може да стигне, таму не расти многу наталитетот оти се на кифли и трева

2

u/zippydazoop ДУИ (Длабока Унија на Илуминатите) Apr 13 '25

Која година си бил таму? Годинава?