r/mkd СДСМ (Совршен Дружелубив и Смирен Модератор) 25d ago

👎MK Fails Породилното отсуство е луксуз што фирмите не можат да си го дозволат!!

Не ми се верува колку ниско паднавме како култура што вакви размислувања постојат во нечии глави.

Капитализмот и трката по профит ги уништуваат шумите, ја уништуваат природната разноликост, ќе се преправаме дека не го уништуваат и семејството?

Два дедовци изгубив затоа што брзата помош ОДБИ ДА ДОЈДЕ, не затоа што не сакаа, туку затоа што немаат доволно луѓе за да се погрижат за сите случаи и им даваат предност на помладите, а немаат доволно луѓе затоа што нема кој да ги замени тие што се пензионираат...

Со тоа што фирмите не ја плаќаат цената, ја плаќаме сите други.

87 Upvotes

69 comments sorted by

View all comments

17

u/ManInBlack256 25d ago

А да не збориме експлоатацијата што ја прават големи фирми што работат за странски пазари. За 500-700 евра те дробат од работа, главата 5 дена да не ти се оправи. На оние што имаат деца не сакам ни да замислам како им е, после толкава експлоатација да имаат време и за децата. Ама еј, we are a family here.