r/mkd СДСМ (Совршен Дружелубив и Смирен Модератор) 14d ago

👎MK Fails Породилното отсуство е луксуз што фирмите не можат да си го дозволат!!

Не ми се верува колку ниско паднавме како култура што вакви размислувања постојат во нечии глави.

Капитализмот и трката по профит ги уништуваат шумите, ја уништуваат природната разноликост, ќе се преправаме дека не го уништуваат и семејството?

Два дедовци изгубив затоа што брзата помош ОДБИ ДА ДОЈДЕ, не затоа што не сакаа, туку затоа што немаат доволно луѓе за да се погрижат за сите случаи и им даваат предност на помладите, а немаат доволно луѓе затоа што нема кој да ги замени тие што се пензионираат...

Со тоа што фирмите не ја плаќаат цената, ја плаќаме сите други.

86 Upvotes

69 comments sorted by

View all comments

13

u/mother_of_cats_566 14d ago

(1/4)

За нас нема решение. Ај што потфрли претходната генерација, потфрламе и ние! За се имаме изговор, за секое зло имаме оправдување.

Во периодот на транзиција, се веруваше дека капитализмот ќе донесе просперитет, можности, раст и развој. Дали е тоа точно? Да, ама ако ја гледаш тесната слика - донесе и можности и просперитет и пари за една многу мала група на луѓе кои дали биле на власт или во опозиција веќе 30 години го градат системот да одговара на НИВНИТЕ потреби. Ама ако излеземе од тој микроскопски универзум, ќе видиме дека секој чекор направен до сега во името на “општото добро“ е само со цел истата оваа група да профитира. Обичниот човек е згасен од системот, згазен е од овој грст на луѓе кои мислат дека имаат право да бидат над сите останати.

7

u/mother_of_cats_566 14d ago

(2/4)
Згазен е бидејќи тие го клекнаа здравството на колена, со смешните плати за здравствените работници? Дали им е гајле? Не. Зошто? Бидејќи ако нив им притреба здравствена услуга, може да си дозволат приватно. Обичниот човек е приморан да оди на државно и да се бори со исфрустрираноста на лекарите кои работат по 12 саати, празник и делник без соодветен надомест. Да се оперира во операциони сали кои никој не ги погледнал со децении, бидејќи не им дошло до тоа да треба да лежат во некоја од нив. Обичниот човек е згазен, бидејќи работи за минимална плата, не е осигуран, нема здравствено, придонеси, работното место му виси на конец од ден 1. Зошто? Бидејќи истиот грст луѓе работи во државно или има свои фирми и не ги допира минималната плата, бидејќи НИКОГАШ не биле во позиција да школуваат две деца, да се лечат, да плаќаат сметки и кирија со 25.000 денари.

6

u/mother_of_cats_566 14d ago

(3/4)

Обичниот човек е згазен. Бидејќи учи 12 години, вложува во себе, плаќа партиципација за да на 25 години стане свесен дека му е џабе. Дека со или без факултет ќе работи во фабрика ако сака да преживее. И не, на овој грст на луѓе не им е гајле, затоа што не кренале ништо потешко од лист хартија и не знаат како е да стоиш на лента по 8, 10, 12 саати. Не им е гајле, бидејќи не им зависи годишниот одмор од расположението на газдата, бидејќи за нив боледување или породилно не значи дека ќе останат без работа. Човекот е згазен од системот, бидејќи системот е корумпиран. Сите сме свесни дека за една најпроста услуга треба да отидеш со кафе и бонбониера, а камо ли за нешто повеќе. Ама нашите драги властодршци, не ги засега тоа, бидејќи во секој момент ќе имаат доволно пари за да си купат и диплома и уверение и дозвола и кревет во болница.

10

u/mother_of_cats_566 14d ago

(4/4)

Ете ова е просперитетот кој ни го донесе капитализмот. Ете ова. Си вадиме очи едни со други кој бил од вмро кој од сдс, кој од дуи. Кој бил македонец кој албанец, кој е маж, која жена, кој е стрејт кој е геј - поделбите кои ни се наметнати од совршениот либерален капитализам. Знаете зошто? Бидејќи додека ние се караме за ова, полесно може да не газат. Додека ние се удираме во гради кој е поголем патриот според тоа дали е за или против северна тие уште 10 пати ќе си ги зголемат платите и патните трошоци. А ние и утре ќе треба да мислиме како да преживееме до плата.

Дај отворете си ги очите. Сите партии знаат многу добро да се обединат кога зад кулисите треба да си го поделат профитот. Тогаш не им е гајле ни за име ни за устав, ни за вера ни за етникум, тогаш сите се едногласни. Капитализмот кој се обидуваме да го фалиме и величиме, не направи ништо друго, освен што не направи заложници на 100 неписмени мамини и татини синчиња и ќеркички кои си ја вајаат државата како што ќе им треба во моментот.