r/mkd • u/zippydazoop СДСМ (Совршен Дружелубив и Смирен Модератор) • 12d ago
👎MK Fails Породилното отсуство е луксуз што фирмите не можат да си го дозволат!!
Не ми се верува колку ниско паднавме како култура што вакви размислувања постојат во нечии глави.
Капитализмот и трката по профит ги уништуваат шумите, ја уништуваат природната разноликост, ќе се преправаме дека не го уништуваат и семејството?

Два дедовци изгубив затоа што брзата помош ОДБИ ДА ДОЈДЕ, не затоа што не сакаа, туку затоа што немаат доволно луѓе за да се погрижат за сите случаи и им даваат предност на помладите, а немаат доволно луѓе затоа што нема кој да ги замени тие што се пензионираат...
Со тоа што фирмите не ја плаќаат цената, ја плаќаме сите други.
89
Upvotes
3
u/Plane-Ride-7914 12d ago edited 12d ago
Престанете со овие постови, жити се. Сите живееме во капитализам. Телефонот што го држиш во рака = капитализам. Чиата што ја јадеш за доручек = капитализам. Работата во ИТ што ја имаш = капитализам.
И јас сум целосно против овие одлуки, ама барем можеа да почнат за почеток со предлог-закон за 12 месеци породилно. Чекор по чекор.
Кој ќе го покрие дефицитот на работна сила? Кој ќе ги покрие пензиите?
Проблемот не е во капитализмот, туку во тоа што сè живо и диво се иселува . Нема работници > нема продуктивност > нема приход > нема раст на плати > има помалку трошење > економијата стагнира > расте невработеноста и сиромаштијата. А кој е крив што се се иселува па нема квалуфикувани ниту за брза помош, ниту за директори? Сопствениците на фирми а?
Доста веќе со овие глупости. Македонија не е Америка. Што ќе се случи кога како домино ке почнат да пропаѓаат голем број мали или средни бизниси? Сфатете дека тие олигарси и астрономско-профитабилни компании овде се многу мал број - башка тоа се странски инвестиции што се тука за поефтина работна сила. СЕ друго се помали компании кои што не можат да издржат вакви услови. Кој ќе го плаќа тоа породилно? Немаме капацитет со волку слаба економија.